Hostiranje: veke od 240 denari!
Првиот број излезе на 7 март, 2005 а овој број го читаат 4801 читатели. Година II : 27 јули, 2006 © Број 344
Avizo MC Еснаф | Пријава | Одјави се!
Dneven e-Esnaf

Дневна мудрост

"Секој човек, кој и да е, мора да ја крене главата пред уверувањето дека постои Голема Мисла."

Фјодор Михајлович Достоевски

За вашиот компјутер:

Samo za Vas! 1024
x768


Преземи:
[ 149KB ]
Архива: Старите броеви на Дневен е-Еснаф може да ги најдете овде.


СООПШТЕНИЕ:
Почитувани читатели,

Почнувајќи од понеделник, 31.07.2006, поради годишните одмори (кои се во полн ек), што значи и намалено користење на Интернет (освен за забава), во текот на август нашиов "Дневен е-Еснаф" нема да го добивате на вашите e-mail адреси. За неговиот евентуален повторен старт навреме ќе ве информираме. Информирањето за тековните настани во земјава и странство во наредниот период, но не "дневно" туку според значењето и нивната динамика, ќе можете да го следите на веб сајтот "Паноптикум" односно www.Dimitrovski.net, во рубриката "Инфо пакет-Хрономер", под знакот на ИФА-Информативна флеш агенција.



Уводник

Сте чуле ли некој од нашите политичари да зборува за создавањето во која било област и/или за вреднувањето како процес (валоризација-ревалоризација)? Не? А знаете зошто? Затоа што тие политиката ја разбираат и практикуваат (ако воопшто така може да се нарече нивната "работа") единствено како дејствување од позиција или опозиција кое поинаку се нарекува борба за власт или против неа. Белким некој во новиот Парламент ќе се покаже и докаже како исклучок. Или неколкумина. Не за да го потврдат "правилото", туку за да ни почне вистинската преродба.



Vest 1 Македонија:
Собранието ги верификува мандатите на сите 120-мина избрани пратеници
Собранието на Република Македонија на конститутивната седница со 115 гласови за ги верификуваше мандатите на сите 120-мина избрани пратеници на парламентарните избори, врз основа на извештајот што до него го достави Верификационата комисија и предлогот да бидат верифицирани мандатите на сите пратеници.

• прочитај...



Учесниците на меѓународната конференција за Либан што се одржа во Рим изразија, во заедничка декларација, решителност да работат на итно запирање на огнот кое ќе донесе крај на сегашните насилства и на воените операции во Либан, пренесе МИА.




Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера беше повикан вршителот на работите во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Кирил Јанчев, во отсуство на амбасадорот Михо Михов. Како што соопшти МНР, во разговорот со Јанчев било побарано објаснување во врска со изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Ивајло Калфин дадена на средбата во Софија со раководителите на бугарските дипломатско-конзуларни претставништва во странство, во делот што се однесува на Република Македонија.


21 лице загинаа, меѓу кои и бебиња и деца, при воздушниот и артилерискиот напад на израелската армија во Појасот Газа. Најмалку 137-мина Палестинци загинаа во последните 4 недели во израелските напади кои почнаа по киднапирањето на двајца израелски војници од страна на борците на Хезболах.


Штрајкувачкиот одбор на Македонската радиотелевизија го одби предлогот за понатамошни преговори што Управниот одбор му го достави пред 3 дена. Одборот наведува дека до вчера не им биле понудени видувања и гаранции за решавање на проблемот, настанат со непочитување на Законот за работни односи и Колективниот договор во делот за исплата на плати, надоместоци и придонеси.

Четворица Хрвати уапсени за каменување на српки куќи кај Задар

Хрватската полиција уапси 4 лица осомничени за напад врз куќи на Срби-повратници во селото Биљани Доњи, јужно од Задар, јавија хрватските медиуми. Како што пренесе МИА, уапсените Хрвати се товарат дека каменувале 4 куќи и подметнале пожари во нивните домови.


Предизвикана е штета од големи размери на државниот буџет-на Министерството за транспорт и врски во износ од 70.676.000,00 денари или 1.149.203 евра. Државната комисија изразува основано сомневање за основот за досудување, висината и исплатата на надомест на штета на UPA Enterprise Љупчо ДООЕЛ од Скопје за рушење на дел од објектите на улицата Пиринска број 43 и 45, бидејќи со пресудата на Врховниот суд на Македонија У.бр.547/01 од 14.02.2002-ра година се потврдува решението за укинување на одобрението за градење на овие објекти, соопштува Антикорупциската комисија.
Vest 2

Национал:

Nacional По поднесеното барање од МЕПСО, вчера АД ЕСМ аплицираше до Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија за 14,8% односно просечната цена за киловат час би изнесувала 3,24 денари. Во дописот се посочува дека зголемувањето на цената е последица на зголемената увозна цена на електричната енергија за повеќе од 40% споредено со минатата година и поради усогласување на тековните тарифи со Законот за енергетика, бидејќи тие не ги покриваат вкупните трошоци за дистрибуција и снабдување на електричната енергија. Според ЕСМ, цената на електричната енергија во Македонија не е променета од 2001-ва година, екстремно е ниска и изнесува 4,5 евроценти, наспроти пазарната цена на електрична енергија на европско ниво која е двојно зголемена и во 25-те европски земји и во регионот таа просечно изнесува 14,5 евроценти.
ЛС Визитер:
(Локална самоуправа: Скопје - Македонија)


Скопје вчера ја одбележа 43-та годишнина од катастрофалниот земјотрес во кој животот го загубија 1.070-мина луѓе, а 3.000 беа повредени. По тој повод делегации на Град Скопје и на скопските општини положија цвеќе на споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес на 26-ти јули 1963-та година. Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски ја пушти во употреба улицата Горно Лисиче и ја посети крводарителната акција во кино Милениум. Во Културно-информативниот центар во Скопје (КИЦ) е организирана изложба од 50-ина автентични фотографии од Скопје во периодот пред и по земјотресот и фотографии од пристигнувањето на меѓународната помош, насловена "Граѓаните на светот за граѓаните на Скопје". Во КИЦ е претставена и монографијата "43 години Скопје во подем".




ВМРО-ДПМНЕ очекува нивниот лидер Никола Груевски денеска да го добие мандатот за составување на нова Влада од претседателот Бранко Црвенковски. -Нема причина да се одолговлекува доделувањето на мандатот иако некои пратеници од СДСМ дејствуваат во таа насока. Но, секако, тоа е тековна активност на опозицијата, изјави по почетокот на собраниската конститутивна седница Антонио Милошоски од ВМРО - ДПМНЕ. На новинарско прашање до каде се преговорите со ДУИ Милошоски нагласи дека работата е се уште статус кво, но ВМРО-ДПМНЕ е отворена за конструктивен дијалог. -Се надеваме дека наредните денови ќе се создадат услови за конструктивен дијалог. Уставно се уште има можност за разговори со одредени политички партнери, а ние таа можност не ја затвораме, рече тој.

Партиски маркетинг:

Од Редакцијата: Во зависност од интересот, под овој заеднички наслов, во овој простор од "Партиска трибина", објавуваме партиски комерцијални огласи, прогласи, обзнанија, соопштенија од прес конференции и сл.

Меридијани:

Vest Екстремисти употребуваат над 250.000 деца како војници во вооружени конфликти низ светот, соопшти специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за децата и вооружените конфликти Радхика Кумарасвами. -Иако состојбата во зоните на конфликти како што се Сиера Леоне, Бурунди, Либерија и Конго бележи подобрување, ситуацијата на Блискиот Исток покажува дека децата се уште страдаат - истакна Кумарасвами пред Советот за безбедност на ОН.-8 од 10 деца секој ден гинат или се повредени во експлозии на мини. Од 2003-та година наваму над 14 милиона деца биле принудени да ги напуштат родните места. Десетици илјади девојчиња се подложени на сексуално насилство, а киднапирањето на деца стана вообичаено и многу распространето-рече таа. Заседанието на Советот за безбедност беше посветено на ефективноста од резолуцијата против употребата на деца во вооружени конфликти и експлоатирањето на малолетници од страна на владите и бунтовничките групи во зоните на воени конфликти, усвоена пред една година.

Клуб Култура, Традиција, Вредност:


На 3-ти и 4-ти ноември годинава Македонија ќе биде домаќин на 3-тата Министерска конференција на земјите од регионот на ЈИЕ во областа на културното наследство. Тоа е договорено со Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО за Југоисточна Европа-БРЕСЦИ со седиште во Венеција, информира на прес-конференција генералниот секретар на Националната комисија за УНЕСКО Лидија Топузовска. Таа нагласи дека по 3-годишни преговори Македонија во јуни добила потврда да биде регионален центар за дигитализација на културното наследство. За таа цел, од 3 милиони евра што Македонија ќе ги добие од италијанската Влада, 2 ќе бидат наменети за реконструкција на покривот на Музејот за современа уметност, како и за приспособување на простор во него во кој ќе биде сместен овој регионален центар и за негово опремување со техничка опрема. Презентирајќи го извештајот на експертската мисија на Регионалното биро на УНЕСКО за утврдување на состојбата со спомениците на културата во Македонија, Зоран Павлов, раководител на секторот за документација и меѓународна соработка при Управата за заштита на кулурното наследство, кој беше вклучен во мисијата како локален експерт, рече дека неговата цел е да се најдат можните начини за надминување на одредени технички и едукативни проблеми со кои се соочува Македонија и да се изготват среднорочни и долгорочни програми за работа и техничка помош што потоа се доставуваат до УНЕСКО и до можните донатори. Директорот на Управата за заштита на културното наследство Јован Ристов информира дека во рамките на Регионалната програма за културно и природно богатство на Советот на Европа за 2003-2007-ма година, каде што Македонија учествува со 17 проекти, годинава се финализирани елаборатите за преостанатите 8 објекти.



Рекламен Простор

ОГЛАСУВАЈТЕ, рекламирајте се! Ова е простор кој би можеле да го искористите за вашата реклама. Нека и за вас читаат и дознаваат, новини и занимливости.
Што мислите, колку би ве чинел овој простор? Јавете ни се за да се договориме: marketing@avizo-mc.com. Проверете.  

Спорт Сет:

Vest Вардар и Македонија Ѓорч Петров денеска ги продолжуваат натпреварите во рамките на Купот на УЕФА. Вардар има минимални шанси за натамошен пласман по поразот во првио меч на гости против белгискиот Роселар. Тимот од Ѓорче Петров, пак, има поголеми изгледи во реваншот против софиски Локомотив иако бугарскиот тим има 2 дадено гола, а нема примено ниеден.



Бизнис Микс:

Biznis Таа е дојдена на покана од Секретаријатот за европски прашања и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што информира Секретаријатот, целта на мисијата, која ќе престојува до 28-ми јули, е запознавање со подготовките за искористување на претпристапните фондови за рурален развој ИПАРД (Instrument for pre-accession rural develpment) по 2007-ма година, пред се со активностите за формирање на Платежна агенција, како и подготовка на соодветните програмски документи.


Во овој дел можете да пронајдете податоци за движењњето на светските валути според Народна Банка на Р.Македонија но и според приватните менувачници. Се работи за дневен курс кој што подлежи на измени и може да биде различен од менувачница до менувачница. Сепак, овие разлики не се така големи за да овој приказ не ви даде приближен преглед за тоа како се движат курсевите.



Астро Часовник:

• Астрономски календар
• Говорот на годините
• Временска прогноза

• Денешни Настани

Петта страна на светот


Веб Сервис:

• Граѓански Форум
• Граѓански Веб Весник
• Услуги
• Microsoft MK
• Безжичен сервис
• Влада
• Секретаријат

• Забава
• Скопје Clubbing

Reklama

Дознај повеќе
Zlatna Kniga


Дознај повеќе
Krale Marko



Reklama

Informativna Fles Agencija
Информативна Флеш Агенција
 

Reklama

За чесно владеење!

Gragjanska Partija na Makedonija

Граѓанска Партија на Македонија

 

Reklama

Avizo MC PR Klub
Авизо МЦ PR Клуб



Reklama

Дознај повеќе
Macedonian Connection




Reklama

Informativna Fles Agencija
Информативна Флеш Агенција

Total - Ekonomski portal
ТОТАЛ


Macedonian Information Agency news
МИА Вести


 
 
Драги наши, се гледаме повторно утре. Во меѓувреме ние ќе откриваме што се случува во светот и кај нас за утре тоа да ви го пренесеме вам —директно од овде седиштето на Еснаф.

— Уредниците при esnaf.biz

P.S. За да бидете сигурни дека ќе ги добивате овие е-mail пораки, ве молиме додадете ја нашата адреса info@avizo-mc.com во вашиот адресар (address book)—со што филтерот ќе знае дека нашите e-mail пораки се легитимни.

 



Информации за овој е-Весник

Прв дневен електронски весник во Македонија. Првиот број е објавен на 7 март, 2005 година. Го добиваат бесплатно сите заинтересирани на своите e-mail адреси, а се издава со спонзорско-маркетиншка поддршка на деловни партнери и пријатели. Весников го добиваат 4801 читатели.

Овој весник го добиваш поради тоа што се имаш пријавено на нашата е-листа, или некој твој пријател го сторил тоа за тебе.

За да ја промениш твојата e-mail адреса, или сакаш да се пријавиш/одјавиш за некој друг е-Весник користи ги линковите кои се дадени подолу или пиши ни на нашата адреса Авизо МЦ, Attn: Програм е-Весници, Теодосиј Гологанов 26А, Скопје 1000, Македонија.

© 2005 Издавач: Авизо МЦ Мултимедијален Центар. Сите права се задржани. Весникот „Дневен е-Еснаф“ е запишан во Регистарот на весници на Агенцијата за информации на Република Македонија на 14.09.2005 година, со решение бр. 02-490/2.

 

Уводник:


Создавање и вреднување

Ова не е тема од вчера, туку напротив, и досега, како мнозина други, сум ја (ре)актуелизирал. Мислам дека не грешам ако кажам оти е една од тн. "дежурни теми", особено кога станува збор за нашево време и нашиве состојби. За жал, таа и натаму е најмалку интересна, актуелна кај оние-помеѓу оние што би морале да ја имаат како една од првите, ако не и прва точка на дневниот ред на нивните "агенди". Токму затоа, се разбира пред се поради "сегашниов момент" (мислам на стартот на "ново-старите" политичари), не ќе е лошо пак да се навратам на неа и да потсетам, ако некој (случајно) заборавил, но многу повеќе да ги предупредам "дотичните" на она што најмногу го очекуваме од нив (јас и вие и секој како нас).

Сте чуле ли некој од нашите политичари да зборува за создавањето во која било област и/или за вреднувањето како процес (валоризација-ревалоризација)? Не? А знаете зошто? Затоа што тие политиката ја разбираат и практикуваат (ако воопшто така може да се нарече нивната "работа") единствено како дејствување од позиција или опозиција кое поинаку се нарекува борба за власт или против неа. Белким некој во новиот Парламент ќе се покаже и докаже како исклучок. Или неколкумина. Не за да го потврдат "правилото", туку за да ни почне вистинската преродба.

Она што во изминатиов период, а особено деновиве најмногу го слуша(в)ме од нив, беше дека за Македонија е најважна економијата. Таа треба да биде приоритетна задача бидејќи "се е економија". Во некои поранешни (неодамнешни) мои прилози (во рамките на уводников) тоа го негирав, а понудив и неколку главни, основни аргументи и факти. Овојпат само ќе потсетам на првата лекција за "големи деца": не економија, па се потоа, туку економија и напоредно со неа се друго. Меѓу другото, претходното тврдење е и "марксистичко-ленинистичко" ( може и без наводници; се сеќавате на "базата и надградбата" односно дека "нема база без надградба"?). Првата лекција се "дополнува" и со друго: во владеењето (раководењето) на "државно" ниво сите области на животот имаат подеднакво значење и валидитет (потсетувам на квалитетот на животот).

Сакам да потсетам на нешто што мнозина, да не речам сите "актуелни" политичари или не го знаат, не го научиле, или го подзаборавиле-подзабораваат:

Секое дејствување и секое работење се потврдува во создавањето-создаденото. Ако ја нема таа потврда, тогаш во конкретниот "случај" (-политичарите) тоа не е ништо друго освен "гола политика" или политиканство. Може да се работи и дејствува без нешто да се создава-да се создаде? Што (ни) создадоа досега?

Меѓутоа, и "опшите" аналитичари постојано предупредуваат, поточно бараат нешто што никако не се прави, не се поставува. Не ми е "далечна" помислата дека намерно (од страв најмногу) се одбегнува, се одложува, се маргинализира. Станува збор за вреднувањето. За вреднувањето на создавањето односно создаденото. Кај политичарите тоа е најнепосредно, најдиректно поврзано со отчетот. Даде отчет пред јавноста досегашната власт?

Нема вреднување без поставен, утврден систем на вредности? Се разбира. Но внимавајте да не грешите, па тој-системот да го изедначувате со стандардот (европски, светски). Се работи за две сосема различни нешта односно категории. Системот на вредности би можел (со многу "задршки") да се спореди со "правила на игра". Тие би требало да кореспондираат со европските-светските, но сепак да бидат и "наши". Што ќе рече многу поостри, потешки, "подрастични". Не за друго, туку за најбрзо што може да се достигнат, да ни стане лесно и ефикасно "играњето" според европските-светските. На пример, за веќе на идните Европско и Светско фудбалско пвенство да настапат и наши фудбалери веднаш да се воведе правило: домашните натпревари да траат 120 минути! Па откако ќе им стане лесно, издржливо играњето толку минути, ќе немаат никаков проблем да ги одиграат "регуларните" 90 и со големи шанси (сигурност) да постигнат врвни европски-светски, а јас би рекол професионални резултати (не само учество на првенствата). Се разбира, тоа би било само едно од многуте правила на игра кај нас кои можат да создадат посакувана вредност.

Токму така: правилата на игра се дел од поставен, утврден систем на вредности.

А што правиме кога оние во власта ("старо-новите") не ни помислуваат тоа најпрво да го направат, не ни спомнуваат дека со тоа најпво ќе се зафатат? Се разбира, пред се со експертска "помош"? Не правиме ништо!

Љупчо Димитровски,
Уредник


Активно вклучете се во дискусија со нашите Колумнисти. Коментирајте ја секоја објавена колумна во Дневен е-Еснаф на Еснаф Форуми-те. Регистрирајте се за активен член.
 

Петта страна на светот:

Постојат основи за сомневање за корупција при обештетувањето на UPA Enterprise
(МИА-Скопје)

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека утврдила оти постојат основи за сомневање дека во случајот со исплатата на надомест на штета во износ од 70.676.000 денари на правното лице UPA Enterprise Љупчо ДООЕЛ од Скопје се работи за назаконитост и корупција која предизвикала тешки последици на државни средства.

Антикорупциската комисија дошла до овој заклучок врз основа на наодите од извршената ревизија на годишната сметка на Министерството за транспорт и врски за 2005-та година каде што биле утврдени состојби што укажувале на неправилности и незаконитости во работењето од Извештајот на Државниот завод за ревизија.

-По изнесените наоди во Извештајот, Државната комисија ја прибави пресудата на Врховниот суд на Македонија У.бр.547/01 од 14.02.2002-ра година, предметот на Основниот суд Скопје 1 од Скопје ПСС. бр.168/02, извршниот предмет на тој суд СИ.бр.2591/05, кои се однесуваат на исплата на надомест на штета во износ од 70.676.000,00 денари или 1.149.203 евра на правното лице UPA Enterprise Љупчо ДООЕЛ од Скопје. Од извршениот увид во сите наведени списи и докази, Државната комисија утврдила дека постојат основи за сомневање дека во случајот се работи за назаконитост и корупција која предизвикала тешки последици на државни средства, се вели во соопштението.

-Предизвикана е штета од големи размери на државниот буџет-на Министерството за транспорт и врски во износ од 70.676.000,00 денари или 1.149.203 евра. Државната комисија изразува основано сомневање за основот за досудување, висината и исплатата на надомест на штета на UPA Enterprise Љупчо ДООЕЛ од Скопје за рушење на дел од објектите на улицата Пиринска број 43 и 45, бидејќи со пресудата на Врховниот суд на Македонија У.бр.547/01 од 14.02.2002 година се потврдува решението за укинување на одобрението за градење на овие објекти, соопштува Антикорупциската комисија.

Според Комсијата, Јавниот правобранител не ја обжалил пресудата на Основниот суд Скопје 1 од Скопје со која државата неосновано била задолжена да плати штета во износ од 51.571.524,00 денари со камата. Во текот на постапката Јавниот правобранител не вложил никакво редовно или вонредно правно средство, укажува ДКСК, и додава дека заменикот на Јавниот правобранител на главната расправа од 14-ти јули 2004-та година не покажал никаква активност и не предложил никакво дејствие за утврдување на фактичката состојба и за оспорување на тужбеното барање. На овој начин, смета Антикорупциската комсија, Заменикот-јавен правобранител ја злоупотребил службената положба и не ја извршил службената должност. Тој бил само обичен нем наблудувач на неоснованото одлевање на државните буџетски средства, што бил должен да ги штити.

Според ДКСК, во судската постапка пред првостепениот суд не се направени доволно потребни напори за утврдување на фактичката полжба, за целосно и објективно утврдување на сите факти за самиот настан и за висината на штетата. Освен едно недоволно критички оценето вештачење, не е изведен и утврден ниту еден друг доказ, посочува Комисијата.

Според неа, Министерството за транспорт и врски не презело никакви мерки да се спречи имотната штета на државата, иако на крајот на ноември минатата година, пред исплатата на средствата, било запознато со текот и нерегуларностите на судската постапка и за пресудата на Врховниот суд на Македонија У.бр.547/01 од 14.02.2004-та година за укинувањето на одобрението за градење.

Исплатата на досудената штета во вкупен износ од 70.676.000,00 која се состои од 51.571.524,00 денари штета и 19.104.476,00 денари камата или 1.149.203 евра, е извршена на сметката на адвокатот Славко Секулов, а не на фирмата UPA Enterprais Љупчо ДООЕЛ, соопшти Антикорупциската комисија.

Поради ова, Државната комисија заклучила да поднесе иницијатива до Јавното обвинителство за поведување на постапка за казнено гонење на избрани, именувани и службени лица во Јавното правобранителство на Република Македонија, во Министерството за транспорт и врски. Комсијата предлага казнено гонење и на сите инволвирани лица од фирмата UPA Enterprise Љупчо ДООЕЛ, адвокатот-полномошник на фирмата во предметот, како дирекни извршители или соизвршители, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од членот 353 став 3 во врска со став 1, Даночно затајување од член 279 и кривично дело Оштетување и повластување на доверители од членот 257 став 3 од Кривичниот законик, со кои е предизвикана штета од големи размери на државниот буџет на Министерството за транспорт и врски во износ од 70.676.000,00 денари или 1.149.203 евра.

ДКСК најавува дека ќе поднесе иницијатива до Владата за поведување на постапка за утврдување на одговорност на Јавниот правобранител поради несовесно, неодговорно и непрофесионално постапување во извршувањето на законските обврски за заштита на имотните права и интереси на државата. Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива и за поведување на постапка за обнова на постапката по предметот и предлагање на времени мерки за пленување и забрана на оттуѓување и располагање со имотот на фирмата на тужителот UPA Enterprise Љупчо ДООЕЛ и сметката и имотот на неговиот полномошник адвокат Славко Секулов, на кое лице се исплатени средствата од буџетот, тргнувајки од фактите и доказите.

Комисијата предлага предметот да се достави до Врховниот суд и до Републичкиот судски совет, со цел да го испита случајот и одговорноста на судиите кои постапувале по него.



Јули 27, 2006

Астро часовник

Астрономски календар:

Денов ќе трае 14 часа и 38 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 21 минути, а ке зајде во 19 часот и 59 минути.

Месечината ќе се појави во 7 часот и 20 минути, а ќе исчезне во 21 часот и 22 минути.

Говорот на годините (27.јули):

1844
Умре Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на анатомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави Законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена "далтонизам". Роден е во Иглсфилд, во северниот дел на Англија, на 6.09.1766-та година.

1880
Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство Мохамед Реза Пахлави, кој 37 години владееше со Иран. Роден е во 1819-та година.

1981
Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.

1992
Во Скопје, во чест на започнувањето на курсот за дообука, во касарната "Кузман Јосифовски - Питу" е одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.


КАЛЕНДАР на МПЦ
Денеска е Св. апостол Акила

По род Акила бил Евреин. Во првиот век живеел во Рим заедно со жената си Прискила. Во времето на цезарот Клаудиј, како и сите останати Евреи, биле принудени да го напуштат градот, па се населуваат во Коринт. Таму ќе се сретнат со апостолот Павле. Поверувале во проповедта за Христа и станале блиски соработници на апостолот Павле. Тој неколку пати ги спомнува во своите посланија. Подоцна се враќаат во Рим, па заминуваат за Ефес... Според преданието, Акила, како еден од 70-темина апостоли, го проповедал христијанството во многу краишта, а земниот живот го завршил маченички, убиен од незнабошците.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. кордовски маченици

Групата кордовски маченици ја сочинуваат: Јурај, Аврелиј, Феликс, Наталија и Лилиоза. Аврелиј бил роден во Кордоба во Шпанија. Кога се оженил со Наталија живеел како христијанин. Еднаш бил сведок на случката кога еден христијанин храбро ја исповедал својата вера во Христос. Бил многу вознемирен и поради тоа посакал да биде маченик за Христос. Со истиот идеал бил зафатен уште еден брачен пар: Феликс и Лилиоза, како и монахот Јурај. Во 852-ра година сите биле осудени на смрт поради тоа што му се спротивставувале на исламот.


Временска прогноза:

Во текот на денов во Македонија времето ќе биде сончево и малку потопло со умерена облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален краткотраен дожд со грмежи, особено во западните и во југоисточните делови. Најниската утринска температура ќе биде од 14 до 20, а највисоката дневна од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 37 степени Целзиусови.

Вчера попладне од 16 до 17 часот неколку области во Македонија беа зафатени од силно невреме со пороен дожд и грмежи.

Според извештаите на мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи, до 17 часот најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, 13 литри на метар квадратен, во Скопје наврнале 3 литри, а во Берово наврнале 2 литра на метар квадратен. Во скопски Петровец немало дожд, а на Зајчев Рид се измерени 3 литри дожд на метар квадратен.

Дежурниот синоптичар во УХМР Дуашанка Танушевска имформираше дека нестабилно време ќе има и во наредните денови, но ќе биде послабо изразено. Нестабилноста, особено во летниот период, е вообичаена појава и се должи на географската положба на Македонија која припаѓа на суптропски области.

Поројниот дожд целосно поплави повеќе улици во Скопје и возилата се движеа по споредни и импровизирани патишта. Повеќе крстосници и други локации беа под вода, а автобомили беа згалавени на коловозите. Дождот не направил поголеми штети.

Повеќе илјади лица ги напуштија домовите во југот на Швајцарија како последица на силните поплави, додека во Полска продолжуваат тропските температури, највисоки што се забележани во таа земја од 1779-та година, откако почнале метеоролошките мерења.

Околу 40-мина луѓе починаа како последица на високите температури што во изминатата недела ја зафатија Франција. Живата во термометарот се искачи на над 36 Целзиусови степени. Топлиот бран сепак годинава зема помалку човечки жртви во споредба со летото 2003-та година, кога починаа околу 15.000 претежно стари лица.


Денешни настани:

  • Прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија и Прокредит банка;
  • Презентација на извештајот за најзначајните реализирани проекти на Министерството за култура, во периодот декември 2002-ра-јули 2006-та и на извештајот за проектот "Развој на општините и културата";
  • Претпремиера на филмскиот проект Филм на режисерот Иво Трајков;
  • Претпремиера на филмот Тајната книга на режисерот Владо Цветановски;
  • Средба на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, со новинарите и разгледување на проектите на општината;
  • Пуштање во употреба на пешачката патека во село Ржанчино во општина Петровец.

 
 
Собранието ги верификува мандатите на сите 120-мина избрани пратеници

Собранието на Република Македонија на конститутивната седница со 115 гласови за ги верификуваше мандатите на сите 120-мина избрани пратеници на парламентарните избори, врз основа на извештајот што до него го достави Верификационата комисија и предлогот да бидат верифицирани мандатите на сите пратеници.

Пратеникот Борис Кондарко од СДСМ, како што рече, иако неговата пратеничка група ќе гласа за верификација на сите 120 мандати, го отвори прашањето за верификација на мандатот на пратеникот од ДПА Даут Реџепи по кого има распишано потерница. ДИК по ова прашање се изјаснила дека се почитувани сите процедури и оти нема законски пречки за верификацијата на неговиот мандат. На забелешката на Кондарко реагираше Мендух Тачи од ДПА кој неа ја смета како правење опструкција од страна на СДСМ уште на првата седница, при што потсети дека не треба да има проблем со мандатот на Реџепи, бидејќи и самиот досегашен премиер Владо Бучковски сметал оти тој треба да биде амнестиран, согласно Законот за амнестија.

Стојан Андов, кој како најстар пратеник ја води седницата до изборот на нов претседател, соопшти дека од овој момент Владата е во оставка и оти до формирањето нова влада таа ќе ги извршува само најнеопходните работи.

Собранието не избра свој претседател со оглед дека Комисијата за прашањата на изборите и именувањата по нејзината седница не достави предлог, како што немаше ниту кандидат предложен од најмалку 20-мина пратеници. Андов ја прекина седницата и најави дека продолжението ќе биде закажано откако до Собранието ќе биде доставен предлог за негов претседател.

Во Рим усвоена заедничка декларација за Либан

Учесниците на меѓународната конференција за Либан што се одржа во Рим изразија, во заедничка декларација, решителност да работат на итно запирање на огнот кое ќе донесе крај на сегашните насилства и на воените операции во Либан, пренесе МИА. Во декларацијата, прочитана од италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Далема, се наведува дека прекинот на огнот треба да е траен, постојан и целосен. Израел се повикува на максимална воздржаност во операциите во Либан и се поздравува одлуката на еврејската држава за формирање на хуманитарни коридори.

Учесниците на конференцијата се ангажираа да и помогнат на либанската Влада да се справи со ситуацијата и итно да испратат хуманитарна помош.

IN CONTINUO:
МНР: Заострување на односите помеѓу Македонија и Бугарија

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера беше повикан вршителот на работите во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Кирил Јанчев, во отсуство на амбасадорот Михо Михов. Како што соопшти МНР, во разговорот со Јанчев било побарано објаснување во врска со изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Ивајло Калфин дадена на средбата во Софија со раководителите на бугарските дипломатско-конзуларни претставништва во странство, во делот што се однесува на Република Македонија. Притоа било истакнато дека Македонија опстојува на принципите за градење на добрососедски и пријателски односи со Бугарија.

Бугарската позиција кон Македонија е многу добронамерна и конструктивна. Бугарија ја поддржува европската и евро-атлантската интеграција на државите од Западен Балкан, па според тоа и на Македонија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија Љубомир Ќучуков. Тој нагласи дека Бугарија ќе направи се да се оствари позитивен дијалог помеѓу двете држави и нема основи тој да се претвори во објект за негативни оценки. Македонија поминува низ сериозен пат кон својата европска и евроатлантска интеграција и ние сакаме тој процес да продолжи, додаде Ќучуков.

Македонскиот амбасадор во Бугарија Абдулахман Алити во изјавата за МИА истакна дека по повод неодамнешната изјава на Калфин побарал прием и објаснување од директорот на Дирекцијата Еуропа 1 Ристо Георгиев, но му било одговорено дека поради други ангажмани не бил во состојба да го прими македонскиот амбасадор. На амбасадорот Алити вчера му било соопштено дека тој може да дојде во Министерството, но Георгиев е зафатен, а со Алити ќе се сретне некој на многу пониско ниво.

-Јас тогаш реков дека ќе чекам кога ќе биде слободен господинот Георгиев и со него ќе разговарам-рече амбасадорот Алити во изјавата за МИА.

Криза на Блискиот исток

21 лице загинаа, меѓу кои и бебиња и деца, при воздушниот и артилерискиот напад на израелската армија во Појасот Газа.

Најмалку 137-мина Палестинци загинаа во последните 4 недели во израелските напади кои почнаа по киднапирањето на двајца израелски војници од страна на борците на Хезболах.

Околу 50 израелски тенкови влегоа во северниот дел на Појасот Газа. Како поддршка на копнена операција извршени се најмалку 3 воздушни напади. Израелската армија информира дека операцијата во Појасот Газа е со цел да биде запрен тероризмот и да бидат спречени ракетните напади врз Израел.

8-мина израелски војници загинаа, а 22-ца се ранети во Бинт Џбејл, Јужен Либан, соопшти израелската армија.

Советот на НАТО одлучи се уште да не испраќа мировна мисија под мандат на Алијансата во Либан. Портпаролот на Сееврноатлантската алијанса Џејмс Апатурај нагласи дека одлуката за распоредување на меѓународни воени сили на Блискиот Исток треба да ја донесе Советот за безбедност при Обединетите нации, кој ги определува мандатот и задачите на мисијата.

Израелски војници убиле висок командант од либанската шиитска Божја партија (Хезболах) при судир во близина на границата со Либан. Израелската армија соопшти дека е убиен Абу Џаафар, командант на операциите на радикалната либанска група во централниот сектор на израелската граница. Лидерот на Хезболах Хасан Насрала изјави дека конфликтот со Израел влегува во нова фаза и оти либанската радикална група нема да се согласи со понижувачки услови за примирје.

Најмалку четворица набљудувачи на ОН се убиени во израелски воздушен напад во Либан, соопштија извори од либанските безбедносни сили. Мировните сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) потврдија дека бомба паднала врз зграда во база на ОН каде што има настрадани луѓе, но не прецизираа дали има загинати. Кинеските медиуми јавија дека еден од четворицата загинати набљудувачи на ОН во јужен Либан е Кинез, а другите тројца набљудувачи се од Финска, Австрија и Канада.

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан на меѓународната конференција за Либан во Рим повика на итно запирање на огнот помеѓу завојуваните страни на Блискиот Исток, додавајќи дека хуманитарната ситуација останува грозна и опасна.

Од друга страна, финското актуелно претседатлство со Европската унија изрази шокираност од нападите на Израел врз пункт на набљудувачи на ОН во кој загинаа четворица припадници на ОН-тимот.

Околу 150 лица сериозно повредени во израелските бомбардирања врз Либан се евакуирани вчера со авиони на јорданската воена авијација кои слетаа во Бејрут, објавија либанските власти.

Американско софистицирано орузје и воена опрема наменето за израелската армија итно се испорачува преку британските аеродроми, тврди весникот Дејли Телеграф. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Дејли Телеграф открива дека Израел од САД порачал 5000 т.н. умни бомби кои се употребуваат за уништување на бункери. Се очекува тие веднаш да бидат вклучени во употреба во бомбардирањето на позициите на силите на Хезболах во јужен Либан и во уништувањето на нивните бункери.

Антрфиле:
Штрајкувачкиот одбор на МРТ го одбива предлогот на УО за преговори

Штрајкувачкиот одбор на Македонската радиотелевизија го одби предлогот за понатамошни преговори што Управниот одбор му го достави пред 3 дена. Одборот наведува дека до вчера не им биле понудени видувања и гаранции за решавање на проблемот, настанат со непочитување на Законот за работни односи и Колективниот договор во делот за исплата на плати, надоместоци и придонеси.

-Се ова зборува за генералниот директор како за неодговорен и несериозен партнер за преговарање, се вели во соопштението на одборот.

Што се однесува на предлог-понудата од Управниот одбор за преговори, Штрајкувачкиот одбор го одби бидејќи во точка 1 не се нуди решавање на проблемот во законскиот рок за преговори, како и финансиска конструкција, извор на средства и гаранции за реализирање на предложеното. Штрајкувачкиот одбор ги смета за беспредметни точките 2,3,4 и 5 од Предлог-понудата за преговори, се додава на крајот од соопштението на Штрајкувачкиот одбор.

Четворица Хрвати уапсени за каменување на српки куќи кај Задар

Хрватската полиција уапси 4 лица осомничени за напад врз куќи на Срби-повратници во селото Биљани Доњи, јужно од Задар, јавија хрватските медиуми. Како што пренесе МИА, уапсените Хрвати се товарат дека каменувале 4 куќи и подметнале пожари во нивните домови. Српскиот национален совет соопшти дека напаѓачите ги искршиле прозорците на 4 српски куќи и ги заплашувале Србите, кои се вратиле во селото откако ги напуштиле своите домови во 1995-та година. Советот нагласи дека тој етнички мотивиран напад минал без посериозни последици благодарејќи на итната интервенција на хрватската полиција.

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ најостро го осуди нападот и побара енергично казнување на напаѓачите.

Национал

Акценти
  • Врховниот суд како неосновани одби 9 од 10-те поднесени жалби од ДУИ-ПДП и од ДПА, информира Државната изборна комисија. Делумно е уважена жалбата на ДПА, што се однесува на избирачкото место 1985, но со оглед на тоа што бројот на запишаните гласачи на ова избирачко место нема влијание врз вкупните резултати во изборната единица број 6 претходно утврдените резултати стануваат конечни. Според тоа, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 45 пратенички мандати, коалицијата За Македонија заедно 32, коалицијата ДУИ-ПДП 17, ДПА 11, НСДП 7, ВМРО-Народна партија 6, и ДОМ и ПЕИ по 1 пратеничко место;
  • Македонското женско лоби го повикува мандатарот и лидерите на политичките партии кои ќе предлагаат свои членови во извршната власт да вклучат поголем број на жени и во Владата и во другите институции на извршната власт. Во отвореното писмо од Македонското женско лоби и Сојузот на организации на жени на Македонија се потсетува дека во Собранието на Република Македонија се избрани 34 жени претставнички на партиите и коалицииите, што претставува 28,3% од вкупниот број на избрани пратеници;
  • Владата на вчерашната седница заклучи проектот за реализацијата на тендерот за приватизација на АД ТЕЦ Неготино да го продолжи новиот владин состав. Донесена е и одлука за основање на Центар за стручно образование и обука со седиште во Скопје. Владата ја усвои информацијата за програмите за одбележување на 2-ри Август во Крушево и во Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце. Во рамките на традиционалното одбележување на 2-ри Август, како еден од најзначајните датуми во македонската историја, Министерството за култура во соработка со установите од областа на културата изготви програма за одбележување на 2-ри Август во Крушево каде што на народниот собир на Мечкин камен свое пригодно обраќање ќе има претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски. Одбележувањето на 2-ри Август во Крушево е во рамките на научно-културните средби 10 дена Крушевска Република. За одбележување на 2-ри Август во Меморијалниот центар АСНОМ во с. Пелинце е изготвена посебна Програма, која предвидува полагање на цвеќе на споменикот во меморијалниот центар АСНОМ и пригодна програма;
  • Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски по повод 2-ри август - Националниот празник на Македонија, даде помилување на 19 осудени лица. Како што соопшти Кабинетот на претседателот Црвенковски, од нив 6 лица се ослободуваат целосно од натамошно извршување на казната затвор, а 13 делумно;
  • Министерство за труд и социјална политика, согласно Законот за празниците на Република Македонија, соопшти дека по повод 2-ри август-Денот на Републиката, за неработен ден се прогласува 2-ри август (среда).



ЛС Визитер
(Локална самоуправа: Скопје - Македонија)

Акценти
  • Во организација на Здружението на децата бегалаци од егејскиот дел на Македонија во Велес беше одбележана 60-годишнината од смртта на Мирка Гинова. На 26-ти јули 1946-та година Мирка Гинова е стрелана по пресуда на Воениот суд на Грција, бидејќи била на страната на Комунистичката партија и се борела за слободата на Македонија. Таа е родена во 1916-та година во селото Русиново-Воденско во Егејска Македонија и по професија била учителка;
  • Исчезна бронзената спомен-плоча со димензии 70-50 сантиметри со натпис-гравура Од пионерите на Југославија за пионерите на Скопје-26 јули 1970 година, информира преку соопштение техничкиот организатор на Детскиот културен центар-Карпош Драган Мијалковски;
  • Културно-уметничко друштво Карпош од Крива Паланка ќе учествува на меѓународниот фолклорен фестивал Сардалија 2006-та кој почнува денеска и ќе трае до 31-ви јули во Галиполе,Турција. Освен КУД Карпош, на фсетивалот ќе настапат и претставници од Словачка, Романија, Бугарија, Кипар и од Турција;
  • Општина Кисела Вода деновиве континуирано продолжува со акцијата за уредување на урбаниот простор на целата нејзина територија. Неодамна се обнови кошаркарското игралиште лоцирано кај млечниот ресторан Фарина на крстосницата на улиците Димо Хаџи Димов и Народни Херои.

Партии-оценки, мислења, ставови, заложби

Акценти
  • Во новата Влада не треба да партиципираат и ДУИ и ДПА. Тоа не би било добро пред се за Албанците, а потоа и за државата, изјави потпретседателот на ДПА Мендух Тачи по конститутивната седница на Собранието. Според него, ДУИ треба да биде во опозиција;
  • ДУИ е подготвена за сите нејасни прашања да разговара со ВМРО-ДПМНЕ, но не преку медиумите, изјави потпретседателот на ДУИ Теута Арифи. ДУИ е задоволна од одговорот на меѓународниот фактор.-Меѓународниот фактор секогаш сме го сметале за многу битен партнер на Македонија и на нејзините граѓани, како и за голем инвеститор во сите процеси поврзани со Охридскиот договор и со стабилноста на земјата, напомна Арифи;
  • Разговорите за принципите на кои ќе функционира Владата се уште се во тек и се уште е неизвесно кои ресори кои коалициски партнери ќе ги имаат, со оглед на тоа што се уште не се почнати договорите за ресорите, изјави Тито Петковски, претседател на НСДП. Според него, новиот состав на Владата е се уште неизвесен, а се уште траат разговорите на ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ и со ДПА, кои не се завршени. Петковски посочи дека нема да биде кандидат за претседател на Собранието, ниту пак ќе биде лично дел од новиот владин кабинет бидејќи, како што објасни, имал премногу обврски како лидер на партијата;
  • Лидерот на ЛДП Ристо Пенов ја обвини коалицијата За подобра Македонија дека предизвикува институционална криза во државата бидејќи се уште нема предложено кандидат за претседател на Парламентот. ЛДП сака да помогне во решавањето на оваа, како што нагласи Пенов, несериозна состојба и затоа ќе го поддржи секој предлог на Никола Груевски за претседател на Собранието;
  • СДСМ смета дека незавршувањето на конститутивната седница на Собранието го доведува во прашање добивањето на мандатот за новата Влада и нејзиниот избор. Таа порача што е можно побрзо да се избере новата Влада, а ВМРО-ДПМНЕ да престане да се однесува како опозиција. Иако од победничките партии 20 дена тврделе дека имаат договор и оти се победничка коалиција која има мнозинство, од коалициските договори нема ништо, оцени Шекеринска, предупредувајќи дека со тоа не само што нема да може да функционира како што треба македонското Собрание, туку во прашање се доведува изборот на следната Влада.

Меридијани

Акценти
  • Корупцијата во Источна Европа и во Централна Азија бележи пад во споредба со 2003-та година, се наведува во извештајот на Светската банка. Како најголем напредок во сузбивањето на корупцијата се посочени Грузија и Словачка, додека најголем пораст на корупција е забележан во Албанија, Србија и Црна Гора и во Киргистан;
  • Ирскиот јазик станува 21-от официјален јазик што се користи во комуникацијата во телата и органите на ЕУ, откако владата во Даблин најави дека 6-мина од нејзините европски пратеници во иднина ќе зборуваат само на ирски, а не како досега на англиски јазик. Ирците во својата држава се уште во огромен број го користат англискиот јазик, а келтскиот (ирскиот) понекогаш се користи во Парламентот (Дал, на келтски) во Даблин. Од пред неколку години главните ирски весници имаат по една колумнаили по некоја рубрика напишани на ирски јазик;
  • Источна Европа, која стана позната како место за брз успех, е се попривлечна за секс туристите, кои не сакаат да се впуштат на патувања на прекуокеанските дестинации, објавува италијанскиот весник Унита. Милиони туристи ширум светот секоја година тргнуваат на пат за да побараат нешто повеќе од обичен одмор, наведува весникот, додавајќи дека освен мажите, се повеќе жени и млади луѓе се впуштаат во секс туризмот. Унита наведува дека најпривлечни дестинации за секс туризмот во светот остануваат Тајланд, Филипините, Бразил и Јужна Африка, но дека во последниве години се почесто секс туристите се решаваат за авантури во земјите од Источна Европа. Дневникот како пример го посочува бугарскиот град Сандански во кој, како што тврди, има 30.000 жители и 2.000 проститутки;
  • Најмалку 17 лица беа киднапирани во централен Багдад од непознати лица кои носеле воени униформи, соопштија официјални претставници на ирачките безбедносни сили. Инцидентот се случил во квартот Карада каде што киднаперите пристигнале со 4 возила префарбани со воени бои и ознаки по што влегле во една станбена зграда и насилно извлекле 17-мина луѓе;
  • Претседателот на САД Џорџ Буш најави зголемување на бројот на американските војници во Багдад поради зголеменото насилство во главниот ирачки град. Буш и ирачкио премиер Нури ал Малики имаа двочасовна средба на која освен за состојбите во Ирак разговараа и за ситуацијата во Либан. Тоа е прва посета на ирачкиот премиер на САД откако стапи на должност во мај годинава. Малики за денеска е предвидено да се обрати пред Конгресот;
  • Во Ахваз, главниот град на иранската југозападна провинција Кузестан, 10 лица беа јавно обесени, јави АФП. Како што пренесе МИА, 10-темина се осудени на бесење поради бомбашки напади во Ахваз, подготвување на војна против Бог и нарушување на националната безбедност, јави иранската државна телевизија. Во Кузестан поголемиот дел од населението се Арапи;
  • Поранешниот израелски премиер Ариел Шарон е итно префрлен на интензивниот оддел во болницата Тел Шомер во Тел Авив откако му се влошила здравствената состојба. Шарон, кој е во кома од јануари по претрпен мозочен удар, е на одделот за интензивна нега со цел да му се направи вид на дијализа-филтрација на крвта поради вадење на натрупаните излишни течности, изјави портпарол на болницата;
  • Претседателот на Либија Моамер ел Гадафи призна дека неговата земја во еден момент била доста близу до создавање на нуклеарна бомба, но во 2003-та година сепак била донесена одлука да се стопира програмата за производство на оружје за масовно уништување. Инаку, во 2004-та година американскиот претседател Џорџ Буш ги обнови 18 години старите санкции против Либија, со појаснување дека либиската приврзаност кон прекинување на програмата за развој на оружје за масовно уништување треба да биде верификувана;
  • Претставниците на главните политички партии на косовските Албанци не очекуваат ништо конкретно од преговорите за идниот статус на Косово што почнаа во Виена, пишува приштинскито весник Зери. Според весникот, претставниците на Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и партијата ОРА сепак изјавиле дека разговорите во Виена би требало да продолжат за да се забрза определбата за независност. Зери пишува дека ниту српските лидери на Косово немаат големи надежи во разговорите во Виена, кои се одвиваат под покровителство на ОН;
  • 3 деца во југоисточна Турција се хоспитализирани со симтоми на птичји грип, објави електронското издание на турскиот весник Туркиш Дејли Њуз. Според весникот, децата се хоспитализирани откако пројавиле симтоми карактеристични за заболени од птичји грип-повраќање и зголемена телесна температура. Сомневањата дека децата се болни од птичји грип се зголемиле откако во нивното село, во близина на турско-ирачката граница, пцовисале десетици домашни птици;
  • Едно 17-годишно момче почина во понеделникот во Тајланд како последица на птичјиот грип, со што бројот на жртвите на типот на вирусот Х5Н1 во земјата се искачи на 15, соопштија тајландските власти. Момчето починало во северната провинција Пичит, каде што болеста се прошири помеѓу живината пред 8 месеци;
  • Фармацевтската компанија ГлаксоСмитКлајн соопшти дека до крајот на годинава во продажба ќе пушти вакцина против птичјиот грип. Компанијата изрази надеж дека нејзината нова вакцина ќе биде поефикасна од сите други вакцини против птичјиот грип. Од типот Х5Н1 на вирусот на птичјиот грип досега починаа 130 лица, речиси сите во Азија.
 
 

Клуб, Култура, Традиција, Вредност


Акценти
  • По примерот на Вевчани и Струмица, и Битола ќе има карневал кој ќе биде одржан на 16-ти септември. Тоа го најави здружението Резолут. Нејзиниот член Васил Петровски рече дека манифестацијата ќе биде организирана слично како и карневалот во Копенхаген, во чиј организациски одбор членува и еден Битолчанец;
  • Во Музејот на град Скопје е отворена изложбата "Граѓаните на светот за граѓаните на Скопје", како дел од активностите за одбележување на 43 години од земјотресот во Скопје. Изложбата се состои од 17 паноа со 50 автентични фотографии, карти и монографии, кои преку слика и текст нудат информации за она што било Скопје пред земјотресот, како и за хуманитарната помош за Скопјани од светот. Во 9 витрини се изложени музејски експонати-телеграми со сочувство и понудена помош од целиот свет во првите мигови по несреќата, извадоци од меѓународниот и домашниот печат кои известувале за катастрофата, како и преглед на спортските и културните манифестации што се одржале во Скопје;
  • Паралелно со традиционалното отворање за јавноста на кралските соби во Бакингемската палата, во официјалната резиденција на британската кралица денеска се отвора изложба на фустани и накит кои Елизабета Втора ги носела од 1940-та година до денес. Што се однесува на накитот, во Бакингемската палата е изложен смарагден гердан од Кембриџ, како и 2 броша од Картие со аквамарин и дијаманти кои Елизабета ги добила од татко и за 18-тиот роденден. Изложбата ќе трае до 24-ти септември, а влезницата, во која е вклучена и посета на 19 сали, чини 14 фунти (20 евра);
  • Познатата американска пејачка и артистка Дајана Рос наскоро ќе и се приддружи на екипата на телевизиската серија Очајни домакинки. Авторот на серијата Марк Шери, кој по секоја цена сака Рос да глуми во Очајни домакинки, веќе преговарал со неа и како што се наведува на еден Интернет сајт посветен на шоу бизнисот, пејачката ја прифатила понудата. Рос (62) речиси цела деценија го предводеше познатото женско трио од 60-тите години Сјупримс, за подоцна да и се посвети на соло кариерата;
  • Истражувачите од лондонската болница Челзи енд Вестминстер Хоспитал тврдат дека слушањето на музика кај пациентите може да доведе до импресивно подобрување на здравствената состојба. Студијата во која учествувале пациенти од таа болница покажала дека на заболените луѓе кои редовно слушаат музика во живо им требаат помалку лекови и тие имаат значително побрзо време на опоравување. Научниците веруваат дека музиката ги помага физичките промени кои го олеснуваат излекувањето. Утврдено е дека музиката придонесува за намалување на крвниот притисок и влијае на намалувањето на нивото на хормоните на стресот.
 
 

Спорт Сет


Акценти
  • Шпанскиот фудбалски гигант Реал мадрид му понуди на Манчестер Јунајтед 10,3 милиони фунти за Руд ван Нистелрој. 30-годишниот холандски репрезентативец ги бара и минхнски Баерн, но во Реал веруваат дека ќе успеат дапобедат во трката за овој фудбалер. Вн Нистелрој дојде во Манчестер во 2001-ва година од ПСВ Ајндховен за 19 милиони фунти;
  • Холандското државно обвинителство објави дека покренало истрага против угледниот фудбалски тренер Гус Хидинк кој се сомничи за затајување на данок. Спорен е периодот по Светското првенство 2002-ра кога Хидинк имал службен престој во Белгија. Меѓутоа, овбинителството се сомнева дека тој тогаш не живеел во Белгија и тоа ќе се обиде да го докаже. Хидик на СП во германија беш селектор на Австралија, а сега ја раководи руската репрезентација;
  • Изградбата на олимпискиот стадион во Лондон за ОИ 2012-та година би можела да биде значително поскапа од предвиденото. Првобитно беше проценето дека стадионот со капацитет од 80.000 места ќе чини 366 милиони евра, а најновите пресметки велат дека тој ќе вреди 400 милиони. Причина е дивеењето на цените на нафтата на светскиот пазар што има верижен придонес и на останатите трошоци, па така и на градежните работи. За ОИ 2012-та година се планирани 3,5 милијарди евра, но весникот "Индепендет" предвидува дека износот ќе биде двојно поголем.
 
 

Бизнис Микс


Акценти
  • Инфлацијата во Грција застрашувачки се покачува откако во јули е регистрирано ниво од 3,8%, додека во претходните месеци таа беше на границатата од 3,4%, објави весникот Катимерини повикувајќи се на податоци на грчката Статистичка служба. ако причина за тоа се наведува покачувањето на цените на горивото, кои од почетокот на јули пораснале за околу 8%;
  • Најголемиот производител на челик во светот, индиската компанија Митал Стил, објави дека откупила 91,88% од акциите на фирмата Арселор, чие седиште е во Луксембург. За откупување на акциите на Арселор, кој е втор поголемина производител на челик во светот, Митал Стил инвестира околу 25 милијарди евра. Митал Стил е сопственик на повеќе металуршки капацитети ширум светот, меѓу кои е и дел од поранешна скопска Железарница;
  • Најголемиот светски произведувач на софтвери Мајкрософт објави дека ќе ги откупи своите акции за рекордна вредност од 40 милијарди долари. Компанијата соопшти дека во четвртото тримесечие од фискалната година имала најголем промет во последните 2 години, а следната година очекува уште подобри резултати. Цената на акциите на Мајкрософт практично веќе со години стагнира. Престижниот бизнис весник Економист оцени дека тоа што фирмата дава пари за акционерите може да значи дека има идеја како да ја порази конкуренцијата;
  • Вкупните нарачки за набавка на нови патнички авиони за време на 7-дневниот Меѓународен авио-саем во британскиот град Фарнбороу надминаа 30 милијарди евра, објави организаторот на една од најголемите смотри на достигнувањата во ави