 |
Десет заповеди на претприемачите и менаџерите:
- Проверете дали вашата визија и мисија се јасни
- Размислувајте за идните планови и стратегијата
- Наједноставното, но и највистинитото правило на маркетингот гласи: “Купувачот е крал.”
- Современата деловна политика на продажба налага да им помагате на своите купувачи во натамошната продажба на своите производи
- Произведувачите мораат да изградуваат сопствена трговска марка и да и даваат непрестана поддршка
- Независните трговци во малопродажбата можат понекогаш да ја прежиеват бурата која со себе ја донесуваат супермаркетите
- Велетрговците се ранливи поради можната елиминација
- Осигурајте со своите добавувачи да имате секогаш добри деловни односи
- Вашиот систем на информирање на управата мора да бите како рентгенски апарат
- И малото може да биде убаво, а растежот на фирмата мора да биде урамнотежен.
Десет совети за напредување во кариерата:
- Зборувајте со својот шеф
- Барајте повеќе
- Волонтирајте им на надредените
- Покажете ги своите човечки квалитет
- Иновативност
- Изберете ментор
- Продајте се скапо
- Непрестано учете
- Вмрежување
- Градете ја својата репуптација
Мрежен маркетинг
Мрежен маркетинг, уште се нарекува и мулти-левел маркетинг (МЛМ) е метод за размена на информации помеѓу луѓето, за производот од производителот до потрошувачот. Кај мрежниот маркетинг (МЛМ) заработувате бонус, кога другите ќе го користат производот кој вие сте им го понудиле.
Многу компании нудат мрежен бизнис, но малку се оние кои се изградени врз принципите на долгогодишно искуство, стабилност, чесност и објективност. Добрата МЛМ компанија траба да има:
- Квалитетни производи - еден од најважните фактори во во мрежниот бизнис е гама од многу квалитетни производи;
- Без надминување во нивоата - никој од групата под вас нема да се издигне во ниво повисоко од вашето;
- Без да го изгубите нивото - постигнатото ниво во маркетинг планот никогаш не треба да се изгуби поради недостиг на активност и нарачки;
- Бонусите се исплаќаат врз основа на цените на мало - бонусите треба да се пресметуваат врз вредноста на купените производи по понудените цени за продажба на мало, а не врз дистрибутерските цени (кои се значително помали);
- Докажана финансиска стабилност - постојан и стабилен пораст на продажбите секогаш е знак за добра МЛМ компанија;
- Најмалку 5 години искуство во мрежната индустрија - добрата МЛМ компанија треба да има најмалку 5 години искуство и да има рализирано стабилен развој во текот на неговото постоење;
- Различни можности за доход - кога компанијата им нуди на дистрибутерите различни варијанти за заработување на пари, тие имаат можности сами да ја определат својата графика, дали тие ќе работат цел или половина работен ден, да го изберат тоа кое најмногу им се допаѓа и др.;
- Производи за конзумирање - за мрежниот маркетинг идеални производи се оние кои се конзумираат, затоа што со нив лесно можете да си изградите група од лојални клиенти, кои редовно ќе купуваат нови производи;
- Развиен систем за поддршка на дистрибутерите - е клучен фактор за мрежниот бизнис. Добрата МЛМ компанија траба да обезбеди целосна поддршка на дистрибутерите како што се, пристап до информации, обука, семинари, различни можности за усовршување на способностите и др.;
- Меѓународa присутност - развиената меѓународна дејност е показател за растежот, просперитетот и квалитетот на производите. Компании кои ја распространуваат својата дејност во светот се стабилни и искусни.
|
 |
Online огласувањето ги надминува рекордите
Огласувањето на Интернет во САД продолжува да ги урива рекордите, па во 2006-та година е забележан пораст од 35% и ја достигна вредноста од 17 милијарди долари, покажува најновиот извештај на Interactive Advertising Bureau (IAB) и PricewaterhouseCoopers LLP (PwC).
Рекордот е соборен и во случајот на квартален приход оти во четвртиот квартал минатата година е остварен приход од 4,8 милијарди долари, што исто така претставува пораст од 35% во однос на четвртиот квартал од 2005-та.
Од вкупниот износ, огласувањето на пребарувачите изнесува 40% од вкупниот приход (6,76 милијарди долари), што е само незначителен пад во однос на 2005-та, и 41% од целокупниот “интернет колач”. Графичкото огласување изнесувало 32%, класифицираните огласи 18% и спонзорските програми 8%.
Од вкупниот износ од 6,76 милијарди долари, дури три четвртини му припаднале на Googl, според предвидувањата на еМаркетерите. Да потсетиме, вкупниот приход на Google во минатата година изнесувал 10,6 милијарди долари, главно од online огласување.
Невработеноста во Европа и светот
Просечната стапка на невработени во 27-те земји членки на Европската унија во март останала непроменета на 7,3%, а во 13 членки кои, користат заедничка валута, опаднала на 7,2% од 7,3% во февруари оваа година, објави статистичката служба на ЕУ, Евростат.
Според нејзината методологија, најниска стапка на невработеност во Унијата имаат Данска и Холандија, од 3,4% во однос на работната сила, а највисока Полска и Словачка - 11,4% односно 10,8%.
Невработеноста сега погодува 10,8 милиони лица во земјите од еврозоната, но благодарение на динамичната економија, најниска е од 1993-та година.
Бројот на невработени во светот во 2006-та година остана непроменет, со рекордни 195,2 милионa невработени, и покрај силниот економски раст, објави во годишниот извештај Меѓународната организација на трудот (ИЛО).
Невработеноста најтешко ги погодува младите: 86,3 милиони млади од 18 до 24 години се без вработување, што значи 44% од сите невработени во светот.
Стапката на невработеност била најголема на Блискиот исток и Северна Африка (12,2%), а следи субсахарска Африка со невработеност од 9,8%.
|
 |